Врз основа на Член 143 став 5 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“, бр.23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16,163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/19,146/19 и 275/19) и …
Член 7 став 4 од Колективниот договор за јавните установи во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата („Службен весник на РСМ“ бр 133/19), Директорката на ЈОУДГ „Рада Поцева“- Кавадарци, објавува
Интерен оглас
за пополнување на работно место на давател на услуга со унапредување во ЈОУДГ „Рада Поцева”-Кавадарци за следното работно место :
- Воспитувач ментор ДЕ3 0303 В2 001(еден) извршител.
На интерниот оглас можат да се пријават даватели на услуги во установата, кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за соодветното ниво во Законот за заштита на децата и Правилникот за систематизација на работните места и работни задачи на вработените во ЈОУДГ„Рада Поцева“ Кавадарци
За пополнување на работно место кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови и да ги достават следните документи:
– Уверение за државјанство на РМ ( не постаро од шест месеци)
– Своерачно потпишана изјава од кандидатот дека го познава македонскиот јазик и кирилското писмо,
– Доказ-Уверение дека не е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност ( не постаро од шест месеци),
– Доказ-Уверение дека не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице,негрижа или злоставување на малолетно лице или родосвернавење, за кривчно дело од групата на дела против половата слобода ,без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со закон е утврдено дискриминаторско однесување ( не постаро од шест месеци)
-Важечка лиценца -оригинал или копија за кандидатот кои конкурира за работното место ,
Посебни услови кои се предвидени за работното место Воспитувач ментор шифра ДЕ30303В2001, се утврдени со Законот за заштита на децата и во актот за систематизација на работните места во ЈОУДГ„Рада Поцева“ Кавадарци и тоа:
–Кандидатите за ниво В2 (Воспитувач ментор) треба да се со завршено соодветно високо образование за воспитувач на деца над две години возраст до шест години возраст, односно до поаѓање во основно училиште (дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог), со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен
-важечка лиценца за воспитувач и
-најмалку три години работно искуство во струката.
Согласно член 143 став 6 давателите на услуги покрај општите и посебните услови кои ќе се пријават на интерниот оглас треба да ги исполнува и следните услови:
– да е оценет со оцена „4“ или „5“ при последното оценување,
– вработениот да има поминато најмалку три години на тековното работно место
– и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас .
Работниот однос се засновува на неопределено време.
Дневно работно време изнесува осум часа, односно 40 часа во текот на неделата, со почеток од 07:00 часот до 15.00 часот.
Основна нето плата за работното место изнесува 25.411,00 денари.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот.
Заинтересиранте кандидати поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на ЈОУДГ„Рада Поцева“ Кавадарци, ја доставуваат до организационата единица за управување со човечки ресурси , со назнака „За интерен оглас“. Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на директорот на ЈОУДГ„Рада Поцева“ Кавадарци.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.