По повод одбележување на Денови на пролетта и заштита на околината, во периодот од 21 до 25 Март 2022 год. во објектите се рализираа низа на активности со дечињата од сите воспитни групи ( пролетно декорирање на простории во градинката, чистење на дворот на градинката, садење на цвеќиња, ликовни колонии, прошетки и делење еко пораки) со цел да се поттикне еколошката свест кај дечињата – љубов и грижа за Планетата Земја.