Во чест на Свети Трифун – Ден на лозарите, дечињата од нашата градинка “Рада Поцева” со низа активности им посакаа на лозарите бериќетна година со многу род. Ден исполнет со насмевки , подршка и почит кон лозарите од нас најмалите. Празнувања и обичаи од убавата и богата македонска традиција во чест на овој голем празник. Најмалите имаа посета на лозов насад каде закројуваа винова лоза, реализираа работилници со здрави производи од винова лоза и се сладеа. Голема Благодарност до Винарската визба „Тиквеш“ кои им направија едукативна прошетка на дечињата низ винаријата и ги послужија со гроздов сок.Закројуваме и ви посакуваме – богат род и успешна сезона.